Со капитал од 6.000 евра сами ќе си произведувате струја

Bez autora
Apr 28 2013

Македонија има најдобро соларно зрачење во Европа, но искористувањето на сончевата енергија е на најниско ниво. Со инвестиција од околу 6.000 евра и изградба на 3 до 5-киловатна централа, домаќинствата сами ќе си произведуваат струја и ќе може 80% од своите потреби за електрична енергија да ги задоволат. Во земјава назима се користат два часа, а во лето 9 часа сончева енергија. Системот се исплатува за 6 години, а следните 30 години објектот ќе има сопствена бесплатна енергија. Ако се изградат 10.000 сончеви покриви во земјава, тогаш драстично ќе се намали и увозот на струја. Овие пресметки ги објасни Звонко Марковски сопственик на фирмата "Сието" која ја изгради првата енергетски независна куќа во Македонија и првата фотонапонска централа во Македонија.

Со капитал од 6.000 евра сами ќе си произведувате струјаМакедонија има најдобро соларно зрачење во Европа, но искористувањето на сончевата енергија е на најниско ниво.

Со инвестиција од околу 6.000 евра и изградба на 3 до 5-киловатна централа, домаќинствата сами ќе си произведуваат струја и ќе може 80% од своите потреби за електрична енергија да ги задоволат. Во земјава назима се користат два часа, а во лето 9 часа сончева енергија. Системот се исплатува за 6 години, а следните 30 години објектот ќе има сопствена бесплатна енергија. Ако се изградат 10.000 сончеви покриви во земјава, тогаш драстично ќе се намали и увозот на струја.

Овие пресметки ги објасни Звонко Марковски сопственик на фирмата "Сието" која ја изгради првата енергетски независна куќа во Македонија и првата фотонапонска централа во Македонија. Тој вели дека производството на електрична енергија од сонцето е атрактивен бизнис секаде во светот.

- За централа од 50 киловати времето на враќање на инвестицијата е 5,7 години, а следните 15 години централата ќе носи чист профит. Нејзиниот век на работа е повеќе од 25 години што значи дека е сосема исплатливо производството на електрична енергија од сонце - смета Марковски.

За да се запознаат граѓаните и фирмите со бенефитот што го дава сонцето и ветерот во производството на енергијата во центарот на Скопје, отворен е Инфо центар за енергетика каде тимот на ЦеПроСАРД заедно со Агенцијата за енергетика на РМ ќе им ги презентира корисните практики.

Според Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика, за краток временски период во земјава се постигнати одлични резултати кај обновливите извори, бидејќи се очекуваа околу 100 централи да работат и да произведуваат енергија.

- Во обновливи извори на енергија 42 централи имаат потпишано решение за добивање на повластена тарифа, а од мај до крајот на годинава очекувам уште 40 нови централи ќе бидат пуштени во употреба - вели Гечевски.

Гечевски потсети дека со новата одлука на Владата иако е зголемена квотата, сепак, намалени се цените на електричната енергија добиена од фотоволтаични централи и тоа од 260 и 300 евра за мегават-час, на 120 евра и 160 по мегават-час.

- Инвеститорите се повеќе домашни, бидејќи странците се исплашени од пониските цените. Тие се уште вршат истражување на пазарот - вели Гечевски и појаснува дека се очекува поголем интерес за искористувањето на биогас и биомаса, бидејќи има зголемување на цените. Тој најави дека ЕЛЕМ треба да ја отвори ветерната централата до јуни 2014 година, а таа ќе биде втора по големина на Балканот и ќе располага со инсталирана моќност до 40 мегавати.

Светлана Петровска, извршен директор на ЦеПроСАРД, укажа дека има можности ветерната енергија да се користи за пумпање на вода кај фармите, домаќинствата, како и за наводнување на зелените површини од водоводните системи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik